Добредојдовте на официјалната страница на Јавна Здравствена Установа Здравствен Дом Неготино
За нас
Почетоците на ЈЗУ Здравствен дом Неготино датираат од 1957 год. Домот овозможува здравствена нега на популација од 2700о жители и тоа од две општини, Неготино и Демир Капија, а истовремено има и добра геостратешка локација – лоциран е во близина на меѓународен автопат.
Здравствениот дом ги опфаќа следните одделенија:
- Одделение за итна медицинска помош и домашна посета
- Одделение за физикална медицина и рехабилитација
- Одделение за психијатрија
- Одделение за офталмологија
- Одделение за дерматовенерологија
- Одделение за оториноларингологија
- Одделение за интерна медицина
- Оддел за радиографија
- Биохемиска лабораторија
- Превентивна педијатријска нега со имунизација за деца од предшколска и школска возраст
- Превентивна педијатријска стоматологија
- Поливалентна патрнажна служба
Во тек се подготовки за отворање на Одделение за неврологија.
ЈЗУ Здравствен дом Неготино постојано се стреми да ги прошири своите дејности, а и вложува во образованието и професионалното усовршување на медицинскиот персонал преку специјализации и постојана медицинска наобразба. Има многу можности во поглед на простор и персонал, но тоа изискува потреба од нова опрема, а тука би ги навеле мамографот, апарат за ултразвук и сл.
Објави
СООПШТЕНИЕ
ЈЗУ Здравствен дом ,, Неготино” – Неготино го известува населението од општина Демир Капија дека започнуваат градежните активности за реконструкција на Здравствената станица во Демир Капија, во рамки на проектот за Енергетска ефикасност во јавниот сектор – финансиран преку проектна единица на Министерството за финансии на Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој …
Завршна пресметка за 2023
Годишен план за јавни набавки за 2024 година
Годишен план за јавни набавки
Контакт
Адреса
Вељко Влаховиќ 9
Неготино
Телефон
+389 43 361 109
+389 43 361 236
+389 43 361 666
+389 76 448 047