Почетоците на ЈЗУ Здравствен дом Неготино датираат од 1957 год. Домот овозможува здравствена нега на популација од 2700о жители и тоа од две општини, Неготино и Демир Капија, а истовремено има и добра геостратешка локација – лоциран е во близина на меѓународен автопат.
Здравствениот дом ги опфаќа следните одделенија:
- Одделение за итна медицинска помош и домашна посета
- Одделение за физикална медицина и рехабилитација
- Одделение за психијатрија
- Одделение за офталмологија
- Одделение за дерматовенерологија
- Одделение за оториноларингологија
- Одделение за интерна медицина
- Оддел за радиографија
- Биохемиска лабораторија
- Превентивна педијатријска нега со имунизација за деца од предшколска и школска возраст
- Превентивна педијатријска стоматологија
- Поливалентна патрнажна служба
Во тек се подготовки за отворање на Одделение за неврологија.
ЈЗУ Здравствен дом Неготино постојано се стреми да ги прошири своите дејности, а и вложува во образованието и професионалното усовршување на медицинскиот персонал преку специјализации и постојана медицинска наобразба. Има многу можности во поглед на простор и персонал, но тоа изискува потреба од нова опрема, а тука би ги навеле мамографот, апарат за ултразвук и сл.