ЈЗУ Здравствен дом Неготино го известува населението во интерес на транспарентност и отчетност пред граѓаните за извршените јавни набавки.
Покрај редовните набавки во здравствениот дом(медицински потрошен материјал, лекови, реагенси за лабораторија, рентген филмови, комунални услуги, горива за возила и греење, сервисни услуги итн.), се реализираа и следните набавки во вредност од 51 000 ЕВРА:
- набавка на принтери, компјутерска, хардверска, серверска и мрежна опрема
- набавка на климатизери
- набавка на медицинска опрема
- набавка на возило за домашна посета
- набавка на автоматски врати за термичка ефикасност
- набавка на машини за перење и сушење
- комплетен ремонт на парен котел
- набавка на PVC прозори и ролетни
се со цел подобрување на условите за работа и унапредување на здравствената заштита на населението.