Соопштение

ЈЗУ Здравствен дом „Неготино“ Неготино во изминатите две години максимално се залага за унапредување на здравствената заштита на населението во двете општини Неготино и Демир Капија.

За овие две години покрај тековните набавки на годишно ниво набавени се:

  • комплетна опрема за одделение по физикална медицина и рехабилитација
  • комплетна опремена биохемиска лабораторија
  • комплетно опремено одделение по офталмологија
  • медицинска опрема (2 ехо апарати) во одделение по интрена медицина
  • набавени се две патнички возила
  • хардверска и софтверска опрема
  • клима уреди
  • направена е реконструкција на парен котел
  • нови прозори и врати
  • работна облека за вработените

По 38 години од постоењето на ЈЗУ Здравствен дом „Неготино“ Неготино за прв пат е направена реконструкција на патека и канделабрите со хортикултурно уредување на дел од надворешниот простор.

Реализирани се 15 нови вработувања (на упразнети работни места по разни основи) со што обезбедивме оптимално работење во установата.

Упативме Доктор на медицина на специјализација, но продолжуваме и понатаму бидејќи секогаш можеме повеќе.

За сите наши залагања и успеси најголема благодарност ни се задоволството и пофалбите од населението.

Ве замолуваме да придонесете и Вие со Ваши предлози и идеи за заеднички да изградиме подобри услови и подобра здравствена заштита на сите нас.