Јавен повик за отпад

ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ „НЕГОТИНО“-Неготино, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18) и Одлуката за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање,преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија (Службен весник на Република Македонија бр.81/19, бр.44-12163/1-20 од 27 април 2021 година) објавува јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, за движни ствари, кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и истите не се користат од страна на здравствениот дом.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари кои се предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.
Движните ствари се наоѓаат во простории на ЈЗУ Здравствен дом „НЕГОТИНО“-Неготино, на ул.Вељко Влаховиќ бр.9 Неготино.
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.
Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Катерина Тољкова Трајкова, телефон за контакт: 076-448-046, електронска адреса: zdnegotino@yahoo.com
Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од архивата на ЈЗУ Здравствен дом „НЕГОТИНО“-Неготино на ул.Вељко Влаховиќ бр.9 Неготино.
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 30.07.2021 година до 14:00 часот.

Инструкции по јавен повик ОТПАД