Соопштение

ЈЗУ Здравствен дом Неготино го известува населението во интерес на транспарентност и отчетност пред граѓаните за извршените јавни набавки.

Покрај редовните набавки во здравствениот дом(медицински потрошен материјал, лекови, реагенси за лабораторија, рентген филмови, комунални услуги, горива за возила и греење, сервисни услуги итн.), се реализираа и  следните набавки во вредност од 51 000 ЕВРА:

  • набавка на принтери, компјутерска, хардверска, серверска и мрежна опрема
  • набавка на климатизери
  • набавка на медицинска опрема
  • набавка на возило за домашна посета
  • набавка на автоматски врати за термичка ефикасност
  • набавка на машини за перење и сушење
  • комплетен ремонт на парен котел
  • набавка на PVC прозори и ролетни

се со цел подобрување на условите за работа и унапредување на здравствената заштита на населението.

Соопштение

ЈЗУ Здравствен дом Неготино го информира населението на општина Неготино и општина Демир Капија дека недостигот на доктори во итната медицинска помош во Неготино е надминат со вклучување на докторите од ПЗУ-ата на територијата на двете општини. Службата за итна медицинска помош и домашно лекување при ЈЗУ ЗД Неготино ќе работи со иста динамика, со што се демантираат сите шпекулации на оваа тема. Сите доктори на медицина на територијата на двете општини застанаа зад потребите на населението, како и за неопходноста на ИМП во ЈЗУ Здравствен дом Неготино.