СООПШТЕНИЕ

ЈЗУ Здравствен дом ,, Неготино” – Неготино го известува населението од општина Демир Капија дека започнуваат градежните активности за реконструкција на Здравствената станица во Демир Капија, во рамки на проектот за Енергетска ефикасност во јавниот сектор – финансиран преку проектна единица на Министерството за финансии на Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

За времетраењето на градежните активности континуирано ќе се пружаат здравствени услуги кон пациентите, како и до сега.

Се замолува населението од општина Демир Капија на внимателност при движење околу објектот, како и внатре во објектот.

Градежните активности предвидено е да траат околу 2 месеци во период од 18.03.2024 година до 17.05.2024 година.

Во случај на потреба да се контактираат следниве телефонски броеви:

  • За доктор на медицина – 070/582-298
  • За доктор на стоматологија – 071/259-267
  • За медицинска сестра – 071/253-267

За сите поплаки, пофалби и прашања  може да го користете сандачето на влезот од здравствената станица.

Ви  благодариме на разбирањето,
ЈЗУ Здравствен дом „Неготино“ – Неготино

Под-проекти за енергетска ефикасност на ЈЗУ „Здравствен Дом Неготино“

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР) за под-проектот: Реконструкција на ЈЗУ „Здравствен Дом Неготино“, Неготино со мерки за енергетска ефикасност

План за управување со животната средина и социјални работи – Контролна листа со мерки – Под-проект: Реконструкција на ЈЗУ „Здравствен Дом Неготино“ во Неготино со мерки за енергетска ефикасност