ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ „НЕГОТИНО“-Неготино, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18) и Одлуката за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање,преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија (Службен весник на Република Македонија бр.81/19, бр.44-12163/1-20 од 27 април 2021 година) објавува јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, за движни ствари, кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и истите не се користат од страна на здравствениот дом.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари кои се предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.
Движните ствари се наоѓаат во простории на ЈЗУ Здравствен дом „НЕГОТИНО“-Неготино, на ул.Вељко Влаховиќ бр.9 Неготино.
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.
Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Катерина Тољкова Трајкова, телефон за контакт: 076-448-046, електронска адреса: zdnegotino@yahoo.com
Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од архивата на ЈЗУ Здравствен дом „НЕГОТИНО“-Неготино на ул.Вељко Влаховиќ бр.9 Неготино.
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 30.07.2021 година до 14:00 часот.
Завршни сметки за 2020
Завршни сметки за 2019 година
Огласи и известувања за склучени договори за јавни набавки
Планирани набавки
Објавени огласи
Склучени договори
Реализирани договори
Соопштение
ЈЗУ Здравствен дом „Неготино“ Неготино во изминатите две години максимално се залага за унапредување на здравствената заштита на населението во двете општини Неготино и Демир Капија.
За овие две години покрај тековните набавки на годишно ниво набавени се:
- комплетна опрема за одделение по физикална медицина и рехабилитација
- комплетна опремена биохемиска лабораторија
- комплетно опремено одделение по офталмологија
- медицинска опрема (2 ехо апарати) во одделение по интрена медицина
- набавени се две патнички возила
- хардверска и софтверска опрема
- клима уреди
- направена е реконструкција на парен котел
- нови прозори и врати
- работна облека за вработените
По 38 години од постоењето на ЈЗУ Здравствен дом „Неготино“ Неготино за прв пат е направена реконструкција на патека и канделабрите со хортикултурно уредување на дел од надворешниот простор.
Реализирани се 15 нови вработувања (на упразнети работни места по разни основи) со што обезбедивме оптимално работење во установата.
Упативме Доктор на медицина на специјализација, но продолжуваме и понатаму бидејќи секогаш можеме повеќе.
За сите наши залагања и успеси најголема благодарност ни се задоволството и пофалбите од населението.
Ве замолуваме да придонесете и Вие со Ваши предлози и идеи за заеднички да изградиме подобри услови и подобра здравствена заштита на сите нас.
Годишен план за јавни набавки и јавни набавки во 2019 година
Во прилог може да ги најдете годишниот план за јавни набавки, како и самите јавни набавки за 2019 година.
Годишен план за јавни набавки и јавни набавки во 2018 година
Во прилог може да ги најдете годишниот план за јавни набавки, како и самите јавни набавки за 2018 година.
Годишен план за јавни набавки и јавни набавки во 2017 година
Во прилог може да ги најдете годишниот план за јавни набавки, како и самите јавни набавки за 2017 година.